НЕОФОЛИК ( NEOPHOLIC ) е производ кој содржи 0,4 mg фолна киселина, специјално наменет за бремени жени и жени кои планираат бременост.
Фолната киселина, учествува во изградбата на сите нови клетки во организмот. Ова е важно како за самата жена, така и за идното бебе ( плодот ). Ако во организмот на идната мајка има доволно количини на фолна киселина, може да спречи појава на вроден дефект на ‘рбетниот мозок кај плодот (spina bifida). Од друга страна фолната киселина придонесува за благопријатен ефект врз здравјето на самата жена. Фолната киселина придонесува и за формирање на нови-здрави клетки, за обнова на кожата, за растот на ноктите и косата и т.н.
Недостатокот на фолна киселина може да предизвикува и нарушувања во формирањето на црвените крвни зрнца – еритроцитите, што клинички се манифестира како анемија. Затоа фолната киселина се препорачува за секоја жена, секој ден, без разлика дали планира бременост.
ДОЗИРАЊЕ НА НЕОФОЛИК
Дневна потреба на организмот за фолна киселина изнесува 0,2 mg (200 mcg). При бременост оваа потреба се зголемува. Дозата од 0,4 mg се препорачува од меѓународната здравствена организација како доволна дневна доза за надоместување на зголемените потреби од фолна киселина кај бремените жени. Во случај кога вашиот лекар не ви препишал поинаку, користете по 1 таблета Неофолик дневно.
ВАЖНО Е ДА СЕ ЗНАЕ
Фолната киселина е многу нестабилна супстанца, кое ако е изложена на надворешни фактори, брзо ја губи својата биохемиска активност. Ако таблетите се во шишенце и под влијание на топлина, светлина, воздух, ултравиолетови зраци и друго, молекулата на фолна киселина се распаѓа до неактивна состојка. Така трајноста на таблетите се намалува и не надминува два месеци. Кога таблетите се во блистер пакување, секоја таблета е трајно изолирана од влијание на надворешни фактори. Во ваква состојба ефикасноста на фолната киселина се продолжува до 2 години. За дополнителна безбедност, Неофолик таблетите се спакувани во блистери со бело матна фолија, што дополнително го блокира деактивирањето на активната супстанца на фолна киселина од сончева светлина.
Неофолик во нашиот фармацевтски пазар – во аптеките се нуди како Неофолик од 0,4 mg / 90 таблети – 350 денари. Секое пакување на Неофолик во себе содржи упатсво за употреба и точно дефиниран рок на траење на производот. Неофолик е додаток во исхрана и се издава без лекарски рецепт, пред употреба внимателно прочитајте го упатството. За стручно-професионално мислење консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.
drugs1ПРОИЗВОДОТ Е ДОДАТОК ВО ИСХРАНА И СЕ ИЗДАВА БЕЗ ЛЕКАРСКИ РЕЦЕПТ. ПРЕД УПОТРЕБА ПРОЧИТАЈТЕ ГОВНИМАТЕЛНО УПАТСВОТО. ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.