РАБОТА & КАРИЕРА

РАБОТА И КАРИЕРА ВО НОВАМЕД

Во Новамед не постои повисок приоритет од професионален и етички однос кон вработените на било која позиција да работат. Се почитува мултиетничноста, мултикултурноста и мултиконфесионалноста. Во Новамед се негуваа тимска работна средина.
Секој наш вработен со своето однесување и работа ја манифестира својата цврста намера и подготвеност да придонесува за поуспешно остварување на задачите, почитувајќи ги професионалните и основните принципи на : Чесност, Одговорност, Транспарентност, Етичност и Доверливост. Покажува голема почит кон државните институции, кон конкурентните компании, клиентите, соработниците и деловните партнери за да го одржува и унапредува угледот на нашата Компанија.
Новамед ангажира млад, амбициозен и перспективен работен кадар, со можност за постојан развој и напредок во кариерата. Инвестира во нивно континуирано едуцирање и усовршување, за да бидат спремни и стручно подготвени да одговорат професионално на сите предизвиции во тек на работата. Новамед навремено ги исполнува сите потреби на вработените, коректно и фер вреднување во отсуство на секаков вид на дискриминација.
Унапредувањето на вработените е една од основните принципи и горди сме на фактот дека нашите вработени знаат дека квалитетната работа и иницијативата доведуваат до превземање на по одговорни и комплексни работни задачи и повисоки позиции. Континуирано се следат иновации во сите области на модерното работење и се имплементираат во секојдневната работа за по безбеден, пријатен и современ амбиент за работа. Се отделува време за спортни активности, едукативни часови по екологија, здравје, здрава исхрана, откажување од штетни навики и т.н. Се организира и учествува во семинари, советувања, симпозиуми, конгреси, собири, стручни состаноци, конференции, курсеви за одредена професионална дејност. Се учество во научна истражувачка работа во земјата и во странство со нашите деловни партнери.
Благодарение на образовните перформанси, вложениот интелектуален труд и напорната тимска работа, придонесуваме кон по успешна иднина на нашата компанија, поголеми придобивки за нашите вработени, клиентите, деловните партнери, потрошувачите и најважно од се придонесуваме за подобрување на психо-физичкото здравје на нашето општество како витално заштитено правно добро.

AКТУЕЛЕН КОНКУРС / НEМA

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК
Потребни квалификации:
1. Високо образование_област фармација и медицина.
2. Одлично познавање на Англиски јазик
3. Активно користење на MS Office пакетот
4. Возачка дозвола Б-категорија.
Способности и професионални вештини:
1. Одлични комуникациски способности
2. Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
3. Посветеност, лојалност и дискреција
4. Преговарачки вештини
5. Ориентираност кон клиенти
6. Способност за индивидуална и тимска работа
7. Динамични, иницијативни и насочени кон резултати.
Одговорности и задачи:
1. Секојдневна посета на лекари и фармацевти
2. Понуда, промоција и презентација на фармацевтски производи
3. Имплементација на маркетинг планови
4. Реализација на зададени цели и задачи
5. Следење и анализа на фармацевтскиот пазар
6. Учество и организирање на стручни собири.
Ве молиме испратете го Вашето CV на следната е-маил адреса: contact@novamed.mk. Само кандидатите кои ги исполнуваат наведените услови ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

 

Доколку сакате да се пријавите за работа надвор од конкурс Ве молиме да го пополните прашалникот и ние ќе ве контактираме кога ќе организираме тестирање за работната позиција за која сте заинтересирани.
Личните податоци ги доставувате доброволно и истите се користат исклучиво во процесот на регрутација и селекција на кандидати за отворените работни позиции во друштвото.

Полињата означени со * се задолжителни

 

  • ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ

  • ОБРАЗОВАНИЕ

  • пример: 2006 / 2012
  • ПОЗНАВАЊЕ НА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ

  • ПОЗНАВАЊЕ РАБОТА СО КОМПЈУТЕРИ

  • ПОСЛЕДЕНО РАБОТНО ИСКУСТВО

  • пример: месец / година - месец / година