ПРОФИЛ НА КОМПАНИЈАТА

 
НОВАМЕД Е КОМПАНИЈА ЛИЦЕНЦИРАНА ЗА ПРОДАЖБА НА ГОЛЕМО СО ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНАТА, ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНАТА СО ИНОВАТИВНИ МЕТОДИ НА ПРОИЗВОДСТВО И ФАРМАЦЕВТСКИ ПРОИЗВОДИ ВО СОГЛАСНОСТ СО РЕЛЕВАНТНИТЕ ЗАКОНИ НА НАШАТА ДРЖАВА. КОМПАНИЈАТА НОВАМЕД Е ЕКСКЛУЗИВЕН УВОЗНИК И ДИСТРИБУТЕР НА ОРИГИНАЛНИ, ИНОВАТИВНИ, КВАЛИТЕТНИ, ЕФИКАСНИ И БЕЗБЕДНИ ПРОИЗВОДИ КОИ ИМАТ БЛАГОПРИЈАТЕН ЕФЕКТ И ПРИДОНЕСУВАТ ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ.
промото на компанијата:
 
НОВАМЕД – ИНОВАТИВНОСТА НА ФАРМАЦЕВТСКАТА НАУКА со интегритет, доверба, веродостојност, стручност, реноме, транспарентност, одговорност, расположливост, компетентност, вештини и искуство …
 

 

Соодветен магацински простор со возен парк и Професионален кадар. Барањата, документите, набавките, просторното движење и складирањето на производите се проектирани и координирани на најдобар можен начин. Ланецот на снабдување е квалитетно менаџиран и организиран и секоја нарачка систематски се доставува навремено. Со воведениот електронски систем и технологија за следење и евидентирање на целокупниот тек на активности, интегрираниот систем за климатизација која автоматски ја регулира температурата и влажноста на воздухот, противпожарната заштита и интерен систем за обезбедување се исполнуваат сите услови за висок квалитет на асортиманот и нивна сигурна дистрибуција до фирмите овластени да вршат промет на мало Аптеките.
Збогатување на асортиманот преку нови застапништва од реномирани светски производители со сертификат за производство со висок квалитет ( Gmp certificate ). За да создадеме широк асортиман на производи се фокусираме на природата, науката, здравјето и благосостојбата на општеството. Со целиот интегритет, углед и совест драго ни е што сме застапници и увозници на иновативни производи од природно потекло со патентирани екстракти кои припаѓаат во групата на додатоци во исхраната во согласност со европските регулативи.
Нашите вработени ги имаат сите услови за да ја изразат својата креативност на работа, самостојност и одговорност во атмосфера на тимска работа. Континуирано се следат иновациите од сите области на модерното работење и се имплементираат во секојдневната работа. Благодарение на образовните перформанси, вложениот интелектуален труд и напорната тимска работа, придонесуваме кон по успешна иднина на нашата компанија и придобивки за вработените, клиентите, потрошувачите, општеството и  човековото здравје како витално заштитено правно добро.
Посебно внимание се оддава на екологијата, грижата за околината и животната средина. Магацинскиот простор е целосно опремен со систем за енергетско регулирање кои ја редуцираа потрошувачката на енергија потребна за осветлување, загревање и ладење. Максимално се користи дневната светлина и се минимизира енергијата што се троши во отсуство на вработените. Дополнително на ова, магацинскиот простор е изграден со енергетски ефикасни материјали, како што се: енергетски ефикасна изолација, прозорци и сијалици, коишто дополнително ја намалуваат потрошувачката на енергија. Освен тоа, користиме хартиени кеси за дистрибуција на роба, што исто така значително придонесуваме за зачувување на животната средина.
 

 

НОВАМЕД – ИНОВАТИВНОСТА НА ФАРМАЦЕВТСКАТА НАУКА
Со интегритет, доверба, веродостојност, стручност, реноме, транспарентност, одговорност, расположливост, компетентност, вештини и искуство.

 

Иновации – Создаваме вредности, професионализам и обезбедуваме висококвалитетни, оригинални, иновативни, ефикасни и пред се безбедни производи од реномирани светски производители во интерес на здравствените работници и пациентите.
Стратегија – Стратегиската определба на професионалниот тим на Новамед, е да одговора на потребите и барањата на клиентите професионално, навремено, ефикасно и без одложување.
Работа – Професионалниот тим на Новамед, строго го почитува и се придржува кон Новамед правилникот и кодексот за работа и однесување. Исто така покажува оригиналност и нови стратегии во бизнис работата и дејствување.
Соработка – Професионалниот тим на Новамед постојано е во потрага по нови професионални бизнис соработки, за размена на искуства и идеи. Исто така им се заблагодарува на досегашните 200 ПЗУ Аптеки за довербата и искрената соработка.
Развој – Професионалниот тим на Новамед создава препознатлив бренд на успешна компанија со иновативни производи, со европски квалитет и професионални услуги.
Приоритет – Да се биде прв избор за сите пациенти. Број еден во ефикасното лекување, подобрување и заштита на општото здравје.
Во согласност со релевантните закони на РМ – Професионалниот тим на Новамед им се заблагодарува на Министерството за Здравство, на Агенцијата за Лекови (МАЛМЕД), на Институтот по Фармакологија, на Факултетот по Фармација, на Фармацевтската Комора, на Институтот за Јавно Здравје, на Агенцијата за Храна и Ветеринарство (АХВ) и посебно на одделот за додатоци на исхрана во АХВ за коректниот однос, за сите нивни совети и сугестии, како да ги исполнуваме и да се придржуваме кон сите релевантни законски и регулативни прописи.
Професионалниот тим на Новамед им се заблагодарува на сите, за довербата во нас.
Со Почит,
Од професионалниот тим на Новамед.
 

 

НОВАМЕД – ДЕЛОВНА АКТИВНОСТ И ФУНКЦИОНАЛНОСТ :

  • ПРОИЗВОДИТЕЛИ СО СОВРЕМЕНИ ОБЈЕКТИ, ТЕХНОЛОГИЈА, ОПРЕМА И ПРОИЗВОДСТВО ВО СОГЛАСНОСТ СО СТАНДАРДИТЕ НА ДОБРА ПРОИЗВОДНА ПРАКСА (GMP ).
  • ПРОИЗВОДИ КОИ ГИ ИСПОЛНУВАТ КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ИНОВАТИВНОСТ, ОРИГИНАЛНОСТ, ЕФИКАСНОСТ, БЕЗБЕДНОСТ И КВАЛИТЕТ.
  • ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕЛОВНИ ДОГОВОРИ И УВОЗ НА ПРОИЗВОДИ ВО СОГЛАСНОСТ СО РЕЛЕВАНТНИТЕ ЗАКОНИ НА Р.М.
  • НОВАМЕД – ИНОВАТИВНОСТА НА ФАРМАЦЕВТСКАТА НАУКА – СО ИНТЕГРИТЕТ, ДОВЕРБА, ВЕРОДОСТОЈНОСТ, СТРУЧНОСТ, РЕНОМЕ, ТРАНСПАРЕНТНОСТ, ОДГОВОРНОСТ, РАСПОЛОЖЛИВОСТ, КОМПЕТЕНТНОСТ, ВЕШТИНИ И ИСКУСТВО.
  • ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СТРУЧНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОИЗВОДИТЕ ДО СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ВО ДРЖАВНИТЕ И ПРИВАТНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ.
  • ДОСТАПНОСТА НА ПРОИЗВОДИТЕ ЗА ПАЦИЕНТИ, ПРЕКУ СОРАБОТКИ СО ПРИВАТНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ – АПТЕКИ НИЗ СИТЕ ГРАДОВИ НА НАШАТА ДРЖАВА.
  • ПАЦИЕНТИТЕ НА ПРВО МЕСТО. КОРЕКТНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОИЗВОДИТЕ, СЕ СО ЦЕЛ ДА СЕ ПОСТИГНЕ МАКСИМАЛНА ЕФИКАСНОСТ ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ.