ДЕЛОВЕН ПАРТНЕР

НОВАМЕД – ДОВЕРЛИВ ДЕЛОВЕН ПАРТНЕР

Новамед одржуваа долгорочен и тековен бизнис план за да биде добро информиран со елементите кои може да влијаат на континуираниот успех. Знаеме дека за да изградиме успешен бизнис, од суштинско значење се нашите партнери и затоа посебно внимание посветуваме на нивните предлози и сугестии. Професионално и коректно ги исполнуваме дадените ветувања и секогаш сме во комуникација со нашите бизнис партнери. Со ова ни се отвараат нови можности за успех во пласирањето на иновативни производи и услуги во фармацевтскиот пазар. Создавање на нови стандарди за квалитет во интерес на здравствените работници и пациентите.
Благодарни сме за довербата и поддршката на оние што не одбраа како нивен деловен партнер, но секогаш им посакуваме искрено добредојде на новите клиенти, подготвени за взаимно ефикасна соработка, размена на искуства и идеи.
Нашиот тим навремено, стручно и професионално ги завршува следниве задачи:
  • Регистрација на производи
  • Анализа и оценување на бизнис потенцијалот
  • Анализа на демографските и економските податоци
  • Подготовка и реализација на маркетинг план
  • Дистрибуција и др.
Ве очекуваме со искрена желба за успешна соработка.
Со Почит,
Од професионалниот тим на Новамед.