ПРОИЗВОДИ

НОВАМЕД – ИНОВАТИВНОСТА НА ФАРМАЦЕВТСКАТА НАУКА
Со интегритет, доверба, веродостојност, стручност, реноме, транспарентност, одговорност, расположливост, компетентност, вештини и искуство …
admin-ajaxИновации – Создаваме вредности, професионализам и обезбедуваме висококвалитетни, оригинални, иновативни, ефикасни и пред се безбедни производи од реномирани светски производители со цел исполнување на барањата и очекувањата на здравствените работници и пациентите.
Стратегија – Стратегиската определба на професионалниот тим на Новамед, е да одговора на потребите и барањата на клиентите професионално, навремено, ефикасно и без одложување.
Работа – Професионалниот тим на Новамед, строго го почитува и се придржува кон Новамед правилникот и кодексот за работа и однесување. Исто така покажува оригиналност и нови стратегии во бизнис работата и дејствување.
Соработка – Професионалниот тим на Новамед постојано е во потрага по нови професионални бизнис соработки, за размена на искуства и идеи. Исто така им се заблагодарува на досегашните 200 ПЗУ Аптеки за довербата и искрената соработка.
Развој – Професионалниот тим на Новамед создава препознатлив бренд на успешна компанија со иновативни производи, со европски квалитет и професионални услуги.
Приоритет – Да се биде прв избор за сите пациенти. Број еден во ефикасното лекување, подобрување и заштита на општото здравје.

 

Сите производи на Новамед поседуват терапевтска предност за подобрување на психо-физичкото здравје и благосостојба на пациентите. Произведени се под строга контрола и во согласност со највисоките критериуми, барања и стандарди за квалитет “Добра производна пракса” (GMP).

Внимание !!! Информациите за производите дадени на интернет страницата се само краток опис за позитивните особини и нивниот благопријатен ефект за подобрување на здравјето. За стручно и професионално мислење консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Секогаш внимателно прочитајте го внатрешното упатство. Податоците на интернет страницата служат само за информирање. Истите не се наменети за промоција или рекламирање.