НЕОЛИПИДРА ФОРТЕ е биотехнолошки производ добиен со ферментација на кваснaта габа Monascus purpureus врз влажен ориз. Неолипидра форте содржи екстракт од метаболитите на ферментацијата. Неолипидра форте е агенс кој го намалува холестеролот. Биолошки активните супстанции во составот на Неолипидра форте се: 14 различни монаколина – инхибитори на HMG-CoA редуктаза, стероли – бетаситостерол, кампастерол, стигмастерол, сапогенин, изофлавони, моно и полинезаситени масни киселини, заситени масни киселини, пигменти. Монаколините се структурни аналози на статините. Ефектот на намалување на нивото на холестерол се должи на монаколините, така и на стеролите, изофлавоните и на незаситените масни киселини.

НЕОЛИПИДРА ФОРТЕ – ПРИРОДЕН ПРОИЗВОД – ДОДАТОК ВО ИСХРАНАТА

1030

  •  Неолипидра форте ефикасно го намалува нивото на вкупен холестерол, LDL холестерол и  триглицеридите, го зголемува HDL и го намалува на соодносот не-HDL кон HDL холестерол.      
    • Брзината на дејствување на Неолипидра форте во намалувањето на серумските липопротеини се забележува уште на втората недела од третманот.
    • За време на осум неделна терапија не е пријавена појава на несакани ефекти од земањето на Неолипидра форте кај пациенти со дијабетес тип 2.
    • Приемот на 1.2г Неолипидра форте значително го намалува нивото на шеќер во крвта на гладно и 2 часа по јадење кај пациенти со тип 2 дијабетес мелитус спрема активните контроли за 8 недели.
    • Неолипидра форте ги намалува посилно нивоата на TG од симвастатин.
    • Неолипидра форте ја намалува концентрацијата на Lp (a) во поголема мера од симвастатинот.
    • Неолипидра форте ги намалува успешно нивоата на TG. Ова намалување е тесно поврзано со содржината на незаситени масни киселини во Неолипидра форте.
    • Неолипидра форте може нагласено да го намали нивото на ТС и LDL холестерол кај пациенти со хиперхолестеролемија и ефектите на Неолипидра форте се исти како оние на симвастатин. Намалувањето на TG од Неолипидра форте е поголемо од тоа на симвастатин.
    • Земањето на Неолипидра форте не доведува до промени или пореметувања во хепаталната или реналната функција.
    • Намалувањето на нивото на вкупниот холестерол, LDL и триглицериди се постигнува за 4 недели  до 12 – та недела во зависност од клиничката слика. Во 12 неделниот период на следење не се забележуваат несакани ефекти при користење на Неолипидра форте.
    • Неолипидра форте применет секојдневно за 8 недели е високо ефикасен за намалување на серумскиот холестерол, со просечно намалување од 22,7% на вкупниот холестерол (ТС) и 30.9% на LDL  -холестеролот во условите на единечно слепа студија која вклучува пациенти од четири клинички центри.
    •  Приемот на  Неолипидра форте може значително да ги намали серумските ТС и LDL Х-л и ова намалување е исто како при прием на симвастатин.
    • Неолипидра форте ефикасно ги намалува серумските нивоа на ТС, LDL холестерол и TG и го зголемува нивото на HDL холестерол кај пациенти со хиперлипидемија.
    • Неолипидра форте ги намалува во еднаква мера ТС и LDL Х-л како симвастатин.
    • Неолипидра форте не е само ефикасен за корегирање на липидни нарушувања, но има и позитивен ефект, така што ја подобрува хипергликемијата кај тип 2 дијабетес мелитус.
    • Неолипидра форте го намалува успешно нивото на вкупен холестерол и триглицериди (TG) кај пациенти со тип 2 дијабетес мелитус спрема активните контроли кај 8 неделно следење.
    • Земањето на Неолипидра форте значително и безбедно го намалува нивото на вкупниот холестерол и липопротеините со ниска густина кај пациенти со дислипидемија поврзана со ХИВ вирусот.
    • За време на осум неделно следење не се пријавени интеракции со антиретровирусна терапија и Неолипидра форте, не се пријавени несакани ефекти од примената на Неолипидра форте.

1031

neolipidra-forte-3dФАРМАЦЕВТСКА ФОРМА И ДОЗИРАЊЕ

Формулацијата на Неолипидра форте претставуваат таблети за орална администрација. Секоја таблета содржи 240 mg алкохолен сув екстракт од метаболитите на ферментацијата на Monascus purpureus врз влажен ориз. Дозата на Неолипидра форте се одредува според телесната тежина и тежината на состојбата. Терапевтската доза на Неолипидра форте е 2 таблети од 240 mg екстракт 2 пати дневно или 480 mg дневно. Оценката на ефективноста од третманот треба да се изврши не порано од 8 та недела од почетокот на земањето. При незадоволително намалување на нивото вкупниот холестерол и LDL – C, и кај пациенти со висока телесна тежина, се препорачува пораст на дневната доза со прием од 2 таблети (480 mg) за 2 недели. Дополнителната доза од 2 таблети (480 mg) се прима со вечерниот прием, односно наутро 2 таблети по 240 mg и навечер 4 таблети по 240 mg. По потреба од дополнително зголемување на дневната доза, дозирањата се распределуваат подеднакво на утрински и вечерен – 4 таблети по 240 mg наутро и 4 таблети по 240 mg навечер. Времетраењето на терапијата се утврдува во зависност од типот на дислипидемијата и од постигнатата контрола над нивото на липидите.
КОНТРАИНДИКАЦИИ
Преосетливост кон некоја од состојките, како и позната преосетливост кон квасни габи. Употребата на Неолипидра форте кај возрасни пациенти и кај пациенти со заболување на црниот дроб не наметнува промена или редукција на применетата доза.
ПОДНОСЛИВОСТ И БЕЗБЕДНОСТ
Применетите тераписки дози на Неолипидра форте кај луѓето не водат до канцерогеност, мутагеност и нарушувања во плодноста.
БРЕМЕНОСТ И ДОЕЊЕ
Холестеролот и другите производи од холестеролската биосинтеза се есенцијални за развојот на плодот, на неговата синтеза на стероиди и клеточни мембрани. Поради способноста на сите инхибитори на HMG – CoA редуктаза, да ја намалуваат синтезата на холестеролот, а веројатно и на други производи од биосинтетичкиот пат на холестеролот, Неолипидра форте е контраиндицирана при бременост и доење. Ако пациентката забремени додека е на терапија со Неолипидра форте, лекот треба да се прекине веднаш и пациентката треба да се предупреди за можните несакани ефекти.
ПЕДИЈАТРИСКА УПОТРЕБА
Не се препорачува употреба на Неолипидра форте кај деца под 10 годишна возраст.
ГЕРИЈАТРИСКА УПОТРЕБА
Неолипидра форте може успешно да се применува кај возрасни пациенти и нема  познати контраиндикации како при  прием на статини.
НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ
Во терапевтски дози не се забележани несакани ефекти од употребата на препаратот. При предозирање можно е да се забележат преодни гастроинтестинални симптоми, како рефлукс, сува уста и повраќање. При нормализирање на дозата овие симптоми брзо исчезнуваат. Неолипидра форте генерално добро се поднесува, а несаканите секундарни ефекти најчесто се лесни и брзо минливи. Земањето на Неолипидра форте не се асоцира со несаканите ефекти на статините, како и не доведува до промени во лабораториските показатели.

 

АПТЕКИ И ЦЕНОВНИК :apteki-google