НЕОЛИПИДРА ФОРТЕ и здрав животен стил придонесуваат за намалување на ЛДЛ холестеролот во крвта без зголемување на ЦПК, или, без појава на мускулни болки (миалгија), па така тоа може да биде терапија за пациентите кои треба да го нормализираат нивото на масти во крвта, и кои не можат да ја толерираат антилипидната терапија.

Наспроти докажаните придобивки од превенција на кардиоваскуларните болести, високата вредност на терапијата со статини, во прилог на несаканите ефекти врз функцијата на црниот дроб, доведоа до потреба од барање  на поефикасни и побезбедни средства за намалување на нивото на холестерол. Ова доведе до создавање на НЕОЛИПИДРА ФОРТЕ.

Студијата која е објавена во „Аналс оф интернал медисин“ (Annals of Internal Medicine), во јуни 2009 година, потврдува:

Студија е работена со 62 пациенти кои имале покачено ниво на холестерол во крвта и кои реагирале на дадената антилипидна терапија со таблети со појава на болки во мускулите (миалгија). Тие пациенти примале Неолипидра форте, или плацебо, двапати дневно за време од 4 недели.

Пациентите кои примале Неолипидра форте, бележеле пад на нивото на тотален холестерол во крвта од 245 мг/дл на 209 мг/дл, додека лошиот, или ЛДЛ холестеролот се намалил од 163 мг/дл на 128 мг/дц за период од 4 недели.

Кај плацебо групата, падот на холестеролот бил нешто помал (тоталниот од 246 мг/дл на 230 мг/дл и ЛДЛ од 165 мг/дл на 150 мг/дл).

Кај пациентите немало несакани ефекти од терапијата (немало покачување на ензимите од црниот дроб, ниту покачување на мускулните ензими – ЦПК, кои се резултат на ткивни оштетувања). Така, ниеден од пациентите не чувствувал мускулна болка како кога земал синтетични таблети против масти во крвта. Како резултат на промените на начинот на исхрана и воведување на здрав животен стил воопшто, пациентите за време на студијата изгубиле во просек по 4 килограми од телесната тежина.

Независно од тоа, НЕОЛИПИДРА ФОРТЕ во споредба со постојните средства за лекување на хиперхолестеремија, манифестира висока клиничка ефективност, подобар безбедносен профил, помала манифестација на несакани ефекти и пониска вредност на трошоците за лекување.

АПТЕКИ И ЦЕНОВНИК :apteki-google