Уринарните инфекции се најчесто бактериски инфекции на бубрезите, мочните канали и мочниот меур. Најчест пат на ширење на инфекцијата (90 %) е преку навлегување на бактерии од кожата околу ректумот и гениталиите кон мочниот меур, што е подобра подлога за развој на бактерии поради присуството на протеини, шеќери и поволна температура.

1016

Многу микроорганизми можат да предизвикаат инфекции на бубрезите и уринарните патишта, но најчесто инфекциите се предизвикани од Грам негативните бактерии (Escherichia coli, Proteus, Klebsiella, Enterobacter, Pseudomonas). Бактеријата Escherichia coli се детектира кај 80% од болните со акутна инфекција на уринарните патишта. Останатите грам негативни бактерии може да предизвикаат акутни инфекции на уринарните патишта кај болните со уринарен катетер, после уролошки интервенции, при присуство на калкули(камчиња) во бубрезите и при опструкција на истекувањето на мокрачата низ уринарните патишта.

1023
1024

АПТЕКИ И ЦЕНОВНИК :apteki-google