НЕОФОЛИК

ШТО Е НЕОФОЛИК И ЗА ШТО СЕ КОРИСТИ
НЕОФОЛИК ( NEOPHOLIC ) е производ кој содржи 0,4 mg фолна киселина, специјално наменет за бремени жени и жени кои планираат бременост.
Фолната киселина, учествува во изградбата на сите нови клетки во организмот. Ова е важно како за самата жена, така и за идното бебе ( плодот ). Ако во организмот на идната мајка има доволно количини на фолна киселина, може да спречи појава на вроден дефект на ‘рбетниот мозок кај плодот (spina bifida). Од друга страна фолната киселина има благопријатен ефект и врз здравјето на самата жена. Во формирањето на нови-здрави клетки, во обнова на кожата, во растот на ноктите и косата.
Недостатокот на фолна киселина може да предизвикува и нарушувања во формирањето на црвените крвни зрнца – еритроцитите, што клинички се манифестира како анемија. Затоа фолната киселина се препорачува за секоја жена, секој ден, без разлика дали планира бременост.
drugs1ПРОИЗВОДОТ СЕ ИЗДАВА БЕЗ ЛЕКАРСКИ РЕЦЕПТ. ПРЕД УПОТРЕБА ПРОЧИТАЈТЕ ГО ВНИМАТЕЛНО УПАТСВОТО. ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦИСТ.
 
 
ПРЕД ДА ЗЕМЕТЕ НЕОФОЛИК
Не користете Неофолик ако:
Некогаш сте добиле алергиска реакција предизвикана од фолна киселина. Најчести симптоми на алергиска реакција се: црвенило, чешање, оток на усните и лицето, скратен здив и т.н. Посоветувајте се со вашиот лекар, доколку чувствувате некои од овие симптоми.
Консултирајте се со вашиот лекар ако:
– ако сте родени со вродена аномалија spina bifida.
– ако сте имале претходна патолошка бременост, како резултат на која детето ви се родило со spina bifida или некоја друга вродена аномалија.
– ако страдате од епилепсија и сте на терапија со фенобарбитал, фенитоин или пирамидон.
– ако користите лекови кои го потиснуваат метаболизмот на фолна киселина – метотрексат, триметоприм или ја намалуваат апсорпција во гастроинтестиналниот тракт – контрацептиви, антиконвулзиви.
– ако сте имале операција со ресекција на тенкото црево.
Овие состојби бараат прием на повисоки дози на фолна киселина.

 

ДОЗИРАЊЕ НА НЕОФОЛИК
Дневна потреба на организмот од фолна киселина изнесува 0,2 mg (200 mcg). При бременост оваа потреба се зголемува. Дозата од 0,4 mg се препорачува од меѓународната здравствена организација како доволна дневна доза за надоместување на зголемените потреби од фолна киселина кај бремените жени. Во случај кога вашиот лекар не ви препишал поинаку, користете по 1 таблета Неофолик дневно.
КОГА Е НАЈДОБРО ВРЕМЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА НЕОФОЛИК
За да се обезбедуваат доволни количини на фолна киселина во организмот на мајката, за време на оформување на плодот, се препорачува да се започне со користење на Неофолик најмалку 1 месец пред забременување и да се продолжи до првите три месеци од бременоста. Во случај кога бременоста не е планирана, а веќе дознавате дека сте бремена, треба да се почне веднаш со користење на една таблета Неофолик на ден.

 

ВАЖНО Е ДА СЕ ЗНАЕ
Фолната киселина е многу нестабилна супстанца, кое ако е изложена на надворешни фактори, брзо ја губи својата биохемиска активност. Ако таблетите се во шишенце и под влијание на топлина, светлина, воздух, ултравиолетови зраци и друго, молекулата на фолна киселина се распаѓа до неактивна состојка. Така трајноста на таблетите се намалува и не надминува два месеци. Кога таблетите се во блистер пакување, секоја таблета е трајно изолирана од влијание на надворешни фактори. Во ваква состојба ефикасноста на фолната киселина се продолжува до 2 години. За дополнителна безбедност, Неофолик таблетите се спакувани во блистери со бело матна фолија, што дополнително го блокира деактивирањето на активната супстанца на фолна киселина од сончева светлина.

 

ЗАПОМНЕТЕ
Фолната киселина која се зема преку храна не ги задоволува потребните дневни количини. Само дополнителниот секојдневен внес на фолна киселина докажано го намалува ризикот од вродени аномалии на плодот.
Бидејќи над 50% од случаите претставуваат непланирана бременост, се препорачува веднаш откако ќе се дознава за бременоста да се започне со консумирање на една таблета на ден.
Жените со зголемен ризик за раѓање на дете со вродени дефекти на невралната туба треба да примаат поголема доза фолна киселина. Ако припаѓате на оваа група, консултирајте се со вашиот лекар. Вие строго треба да користите 4 mg фолна киселина дневно, 1 до 3 месеци пред да забремените, и најмалку  три месеци за време на бременоста.

Неофолик се препорачува од европското друштво по акушерство и гинекологија за превенција на плодот од spina bifida .

 


medical_files-512

НАУЧНИ ИНФОРМАЦИИ
 • Во 1981 година Laurence, еден од водечките истражувачи на ДНТ ги пулбикува резултатите од клиничкото истражување, кое покажува 60% намалување на ризикот од рецидив на ДНТ кај жени кои земаат фолна киселина.

[ Laurence KW: prenatal detection and prevention of neural tube defects in South Wales. J Soc Health 1986; 106:153-160 ]

• Во 1991 година CDC ги објави клиничките докази за превентивниот ефект против рецидиви на ДНТ и ја препорачуваше дозата од 4 mg фолна киселина за жени кои во претходна бременост имале дете или фетус со ДНТ.

Centers for Disease Control and Prevention: Use of folic acid for prevention of spina bifida and other neural tube defects. MMWR;1991:40:513-516

• Меѓународната здравствена организација на САД издаде препорака, сите жени во репродуктивен период и кои можат да забременуват да користат 0,4 мг фолна киселина на ден.

Centers for Disease Control and Prevention: Recommendations for the use of folic acid to reduce the number of cases of spina bifida and other neural tube defects. MMWR;1992:41(no.RR-14):1-7

[специјализирана информација]
 medical-records
ШТО Е СПИНА БИФИДА ?
spina-bifida-bebe_newСпина бифида е сериозен вроден дефект на ‘рбетниот столб. Кај овој вроден дефект се опфатени ‘рбетниот мозок, пршлените, мускулите и кожата. Овој дефект се појавува за време на формирање на  ‘рбетниот столб кај плодот, во четвртата недела од бременоста, односно шест недели од последниот менструален циклус. Во повеќето случаи тоа се случува пред жената да сфати дека е бремена.
Во зависност од тежината на спина бифида (spina bifida), вродениот дефект може да е видлив по грбот на новороденчето, но во полесни случаи не се забележани видливи анатомски промени. Најтешките форми, претставуват целосно отворен ‘рбетен столб. Кај полесни форми може да се набљудува постојана слабост во нозете, намалена чувствителност и тешкотии при одење. Овие форми често доведуваат до инвалидитет. Секоја жена може да роди дете со спина бифида, дури и во случаите кога нема податоци за сличен вроден дефект во семејната историја.
Приближно 1 од 1000 бебиња се раѓа со спина бифида и уште 1 на 1000 бебиња се раѓа со друг вроден дефект на невралната туба. Користењето на 0,4 mg фолна киселина еден месец пред забременување и во првите три месеци од бременоста го намалува ризикот од појава на спина бифида до 80%.

 

 
Внимание !!! Информациите за производите дадени на интернет страницата се само краток опис за особините и нивниот благопријатен ефект за подобро здравје. За стручно и професионално мислење консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Секогаш внимателно прочитајте го внатрешното упатство. Податоците на интернет страницата служат само за информирање. Истите не се наменети за промоција или рекламирање. 
[предупредување]
NEOPHOLIC
Состав:   Folic acid (Фолна киселина)               400мг  / 90 таблети
  • Внимателно прочитајте го упатството пред да почнете со употреба на производот.
  • Чувајте го ова упатство. Можеби ќе биде потребно да го прочитате повторно.
  • Доколку имате дополнителни прашања, консултирајте се со вашиот лекар.
  • Ова средство нема намена да лекува, но конзумирањето целосно ги задоволува дневните потреби од фолна киселина.
NEOPHOLIC е додаток во исхраната.
Секоја таблета NEOPHOLIC содржи 0,4 милиграми (400 микрограмови) Folic acid (Фолна киселина). Останатите состојки на таблетата се: микрокристална целулоза, магнезиум стеарат, лактоза, пченкарен скроб.
Пакување: 3 ленти со по 30 таблетки. Тежина на една таблета: 90 милиграми.

СОДРЖИНА НА УПАТСТВОТО
 1. Што е NEOPHOLIC и за што се користи?
 2. Пред да земете NEOPHOLIC
 3. Како да го земате NEOPHOLIC?
 4. Кога да започнете со употреба на NEOPHOLIC?
 5. Можни несакани ефекти
 6. Контраиндикации
 7. Начин на чување
 8. Предупредување
1. ШТО ПРЕТСТАВУВА NEOPHOLIC И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА ?
NEOPHOLIC се таблети со светло-жолта боја, во пакување по 30 таблети. Секоја таблета содржи  0,4 милиграми (400 микрограми) Folic acid (Фолна киселина).
Фолната киселина е витамин кој е растворлив во вода (Витамин Б9), кој што учествува како коензим во биосинтезата на аминокиселини и базите на нуклеиновите киселини. Фолната киселина има клучна улога во создавањето и во развојот на клетките во човечкиот организам, како и во структурите и процесите на човечкиот организам уште во периодот на ембрионалниот развој. Ова најмногу се однесува на невралната туба на плодот, од која последователно се формира черепниот и 'рбетниот мозок.
Фолната киселина исто така има исклучително важна улога за метаболизмот на еритроцитите (црвените крвни тела), кои донесуваат кислород и енергија до сите ткива и органи во телото.
NEOPHOLIC е додаток во исхраната кој е наменет за трудници во првототромесечје, жени кои планираат бременост, како и за мажи и жени кои примаат фолна киселина преку храната, во доза која е пониска од секојдневните потреби. Правилното и редовното конзумирање на NEOPHOLIC влијае позитивно врз нормалниот тек на бременоста, создавањето на здрава и квалитетна неврална туба на плодот и правилен развој на ткивата и органите на новороденчето.
Освен за новороденчето, NEOPHOLIC има позитивен ефект и влијание и врз здравјето на идната мајка со тоа што:
-го помага создавањето на крв и крвни тела во организмот на жената, кое е исклучително важно за време на бременоста, кога потребите на организмот се значајно зголемени.
-го помага функционирањето на имунолошкиот систем.
-ги помага процесите на обновување во организмот, и го намалува чувтсвото на умор и изнемоштеност.
2. ПРЕД ДА ЗЕМЕТЕ NEOPHOLIC
Немојте да земате NEOPHOLIC доколку:
! некогаш сте пројавиле алергиска реакција од фолна киселина или од некоја друга состојка на таблетката. Најчесто среќаваните симтоми на алергиска реакција вклучуваат осипи, чешање, отекување на усните и лицето, астма.
Посоветувајте се со вашиот лекар доколку манифестирате еден од овие симптоми.
Консултирајте се со вашиот лекар, доколку:
! сте родени со spina bifida
! претходно сте поминале тешка патолошка бременост, како резултат на која детето се родило со spina bifida или друга вродена маана на невралната туба.
! патите од епилепсија, лекувана со фенобарбитол, фенитоин или пиримидон.
! Земате лекарства кои го супресираат метаболозирањето на фолната киселина (метотрексат, триметоприм) или ја намалуваат апсорпцијата во цревниот тракт (контрацептиви, антиконвулзанти)
! сте имале хируршки зафат со отстранување на тенкото црево.
3. КАКО ДА ГО ЗЕМАТЕ NEOPHOLIC ?
Дневната потреба од фолна киселина на организмот изнесува 0,2 милиграми (200 микрограмови). Во бременоста, таа потреба се зголемува. Во светската пракса е утврдена дневната доза од 0,4 милиграми (400 микрограмови) за задоволување на зголемената потреба од фолна киселина на бремената жена.
Доколку Вашиот лекар не ви препишал поинаку, земајте по една таблета NEOPHOLIC дневно. Немојте да го пропуштате секојдневното редовно конзумирање . Направете го примањето NEOPHOLIC дел од секојдневниот режим.
4. КОГА ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО КОНЗУМИРАЊЕ НА NEOPHOLIC ?
За нормален тек на бременоста се препорачува примањето на NEOPHOLIC да започне барем еден месец пред забременувањето и да продолжи во првите три месеци на бременоста. Во случај кога бременоста не е планирана, започнете со примање на NEOPHOLIC веднаш по потврдувањето на бременоста. Бидејќи е тешко да го предвидите почетокот на бременоста, препорачливо е за секоја жена, која има веројатност да забремени, да прима по една таблета NEOPHOLIC секојдневно.
5. МОЖНИ СТРАНИЧНИ ЕФЕКТИ
Фолната киселина која се прима орално не е токсична за човекот. До овој момент не постојат податоци за нус појави и неподносливост кон фолна киселина.
6. КОНТРАИДИКАЦИИ
Кај леукемија со исклучок на случаите, каде што е потребно лекување на недостатокот на фолна киселина.
7. НАЧИН НА ЧУВАЊЕ
Чувајте го препаратот на собна температура, на места кои се недостапни за деца.
Чувајте го NEOPHOLIC во оригиналното пакување.
9. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не смее да се надминува препорачаната дневна доза.
Да не се користи како замена за разновидна исхрана.
Немојте да го користите препаратот по истекот на рокот на трајност или доколку пакувањето е оштетено.