РАБОТА & КАРИЕРА

ВАШАТА КАРИЕРА ВО НОВАМЕД

Во Новамед не постои повисок приоритет од професионален и етичен однос на нашите вработени на која било позиција да работат, кон мултиетничноста, мултикултурноста, мултиконфесионалноста, да ја негуваат тимската работна средина со максимално исполнување на превземените ангажмани.
Секој вработен со своето однесување и работа треба да ја манифестира својата цврста намера и подготвеност да придонесе за поуспешно остварување на професионалните и основните принципи: Чесност, Одговорност, Транспарентност, Етика и Доверливост кон конкурентните компании, државните и здравствените институции, нашите клиенти и соработници, деловните партнери, потрошувачите и општеството, за да го одржуваме и унапредуваме угледот на нашата Компанија.
Ангажирање на нов, млад, амбициозен и перспективен работен кадар, со можности за постојан развој и напредок во кариерата. Инвестирање во нивно континуирано едуцирање и усовршување за да бидат спремни и стручно подготвени да одговорат на сите предизвиции во текот на работа. Навремено исполнување на сите потреби на вработените, нивно коректно и фер вреднување, со отсуство на секаков тип на дискриминација.
Унапредувањето на вработените внатре во компанијата е еден од најважните принципи и горди сме на фактот дека мнозинство од нашите менаџери напредувале од пониските позиции во компанијата. Нашите вработени знаат дека квалитетната работа и иницијативата доведуваат до превземање на одговорни и комплексни работи и повисоки позиции.
Континуирано се следат иновациите од сите области на модерното работење и се имплементираат во секојдневната работа на нашите вработени за по безбеден, пријатен и современ амбиент за работа. Отделување на време за спортни активности, едукативни часови за екологија, здравје, здрава исхрана, откажување од штетни навики и др.
Организирање и учествување во семинари, советувања, симпозиуми, конгреси, собири, стручни состаноци, конференции, курсеви за одредена професионална дејност, учество во научна истражувачка работа, во земјата и во странство со нашите деловни партнери– производителите.
Благодарение на образовните перформанси, вложениот интелектуален труд и напорната тимска работа, придонесува кон по успешна иднина на нашата компанија, и придобивки за вработените, клиентите, деловните партнери, потрошувачите, општеството и за човековото здравје, како витално заштитено правно добро.

AКТУЕЛЕН КОНКУРС / НEМA

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК
Потребни квалификации:
1. Високо образование_област фармација и медицина.
2. Одлично познавање на Англиски јазик
3. Активно користење на MS Office пакетот
4. Возачка дозвола Б-категорија.
Способности и професионални вештини:
1. Одлични комуникациски способности
2. Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
3. Посветеност, лојалност и дискреција
4. Преговарачки вештини
5. Ориентираност кон клиенти
6. Способност за индивидуална и тимска работа
7. Динамични, иницијативни и насочени кон резултати.
Одговорности и задачи:
1. Секојдневна посета на лекари и фармацевти
2. Понуда, промоција и презентација на фармацевтски производи
3. Имплементација на маркетинг планови
4. Реализација на зададени цели и задачи
5. Следење и анализа на фармацевтскиот пазар
6. Учество и организирање на стручни собири.
Ве молиме испратете го Вашето CV на следната е-маил адреса: contact@novamed.mk. Само кандидатите кои ги исполнуваат наведените услови ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

 

Доколку сакате да се пријавите за работа надвор од конкурс Ве молиме да го пополните прашалникот и ние ќе ве контактираме кога ќе организираме тестирање за работната позиција за која сте заинтересирани.
Личните податоци ги доставувате доброволно и истите се користат исклучиво во процесот на регрутација и селекција на кандидати за отворените работни позиции во друштвото.

Полињата означени со * се задолжителни

 

  • ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ

  • ОБРАЗОВАНИЕ

  • пример: 2006 / 2012
  • ПОЗНАВАЊЕ НА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ

  • ПОЗНАВАЊЕ РАБОТА СО КОМПЈУТЕРИ

  • ПОСЛЕДЕНО РАБОТНО ИСКУСТВО

  • пример: месец / година - месец / година
  • This field is for validation purposes and should be left unchanged.