ПРОФИЛ НА КОМПАНИЈАТА


novamed-farmacevtiНовамед е нова компанија лиценцирана за промет на големо со лекови и фармацевтски производи (веледрогерија), регистрирана во 2013 со цел равивање и дистрибуција на оргинални, ефикасни, високо квалитетни производи за подобрување на здравјето и состојбата на пациентите.

Работењето на веледрогеријата Новамед се извршува во согласност со релевантните закони во Република Македонија и барањата на меѓународните конвенции, протоколи и договорите со домашните и странските партнери.

промото на компанијата:

НОВАМЕД – ИНОВАТИВНОСТА НА ФАРМАЦЕВТСКАТА НАУКА
со интегритет, доверба, веродостојност, стручност, реноме, транспарентност, одговорност, расположивост, компетентост, вештини и искуство …

 

  • Соодветен магацински простор со возен парк и Професионален кадар. Барањата, документите, набавките, просторното движење и складирањето на производите се проектирани и координирани на најдобар можен начин. Постојаното инвестирање во логистиката и транспортот ги подобруваат нашите услуги. Ланецот на снабдување е квалитетно менаџиран и организиран и секоја нарачка систематски се доставува навремено. Со воведениот електронски систем и технологија за следење и евидентирање на целокупниот тек на активности, интегрираниот систем за климатизација која автоматски ја регулира температурата и влажноста на воздухот, противпожарната заштита и интерен систем за обезбедување се исполнуват сите услови за Висок квалитет на асортиманот и нивна сигурна дистрибуција до фирмите овластени да вршат промет на мало (Аптеките).
  • Имаме поставено одговорно лице со соодветно образовање и квалификација за фармаковигиланца што подразбира откривање, собирање, следење и процена на новите податоци за безбедносниот профил на лековите и е во континуирана комуникација и редовно поднесува изваштаи до Националниот центар за фармаковигиланца на Р. Македонија кои е директно поврзан со централната меѓународна програма за фармаковигиланца на Светската Здравствена Организација.
  • Збогатување на асортиманот преку нови застапништва од реномирани светски производители со соодветен сертификат за производство со висок квалитет- ( Gmp certificate ). Лековите и фармацевтските производи за кои сме застапници и увозници се во согласност со принципите на Добрата Дистрибутивна Пракса, со европските регулативи и законот за лекови на Р.Македонија со кое се уредуват лековите за употреба во хуманата медицина, условите и начинот за обезбедување на нивниот квалитет, безбедност и ефикасност, начинот и постапките за нивно производство и складирање, испитување, ставање во промет, промет, формирање на цени, контрола на квалитет, огласување и инспекциски надзор.
    За да создадеме широк асортиман на производи за секого и секоја пригода, се фокусираме и на природата, науката, трендовите, здравјето и благосостојбата на општеството. Со целиот интегритет , углед и совест драго ни е што сме застапници и увозници на оригинални иновативни производи од природно потекло со патентирани екстракти и есенцијални масла кои припаѓаат во групата на додатоци во исхраната во согласност со сите европски и домашни регулативи и Правилникот за посебните барања за безбедност на храната произведена со иновирани технологии.
  • Нашите вработени ги имаат сите услови за да ја изразат својата креативност на работа, самостојност и висок степен на одговорност во атмосфера на тимска работа и почит. Она на што ние сме горди е високо професионален, квалификуван и искусен персонал . Исто така ангажирање на нов, млад, амбициозен и перспективен работен кадар, со можности за постојан развој и напредок во кариерата. Инвестирање во нивно континуирано едуцирање и усовршување за да бидат спремни и стручно подготвени да одговорат на сите предизвиции. Навремено исполнување на сите потреби на вработените, и нивно коректно и фер вреднување, со отсуство на секаков тип на дискриминација како и безбеден, пријатен и современ амбиент за работа. Континуирано се следат иновациите од сите области на модерното работење и се имплементираат во секојдневната работа на нашите вработени. Благодарение на образовните перформанси, вложениот интелектуален труд и напорната тимска работа, придонесува кон по успешна иднина на нашата компанија, и придобивки за вработените, клиентите, деловните партнери, потрошувачите, општеството и за човековото здравје, како витално заштитено правно добро.
  • Посебно вниманије се одава на екологијата, грижата за околината и животната средина.
    Новамед воспоставува пристап за подобро разбирање и подобрување на одржливоста на нејзиното сопствено користење на енергија и влијание врз животнатната средина во согласност со законската регулатива. Магацинските простории на Новамед се целосно опремени со системи за енергетско регулирање коишто автоматски ја редуцираат потрошувачката на енергија потребна за осветлување, загревање и ладење, доведувајќи го до максимум користењето на дневната светлина и регулирајќи ја енергијата што се троши во отсуство на вработените. Дополнително на ова, магацинските простории се изградени со користење на енергетски ефикасни материјали, како што се: енергетски ефикасна изолација, прозорци и сијалици, коишто дополнително ја намалуваат потрошувачката на енергија. Освен тоа, сите промотивни материјали се печатат на специјална хартија што не содржи хлор, што исто така значително придонесува за зачувување на животната средина.